Утрово во Битола само 12 степени

0
1159

Утрово само 8 степени во Маврово, Крушево, Тополчани, 9 Лазарополе, 10 Ѓуриште, Претор, 11 Берово, Пожаране, 12 Битола, Охрид, Прилеп, Кр. Паланка, 13 Тетово, 14 Штип, Дебар, Куманово, Виница, Скопје Петровец, 15 Скопје-З.Рид, Дојран, Струмица, Гевгелија, Д. Капија.

До 8 часот наврнат дожд од 5 литри на метар квадратен во Виница, 6 Тетово, Пожаране, Скопје, Маврово, 8 Кр. Паланка, Куманово, Ѓуриште, 9 Охрид, 11 Штип, 15 Претор, 17 Прилеп, 18 Битола, 19 Тополчани, 22 Д. Капија, 23 Струмица, 24 Берово, 26 Крушево, 31 Дојран, 49 Гевгелија.

Денеска претпладне претежно облачно со повремен дожд, особено во јужните делови.,каде се можни и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно со услови за повремен дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.