Утрово во Македонија поларни температури

0
683

Берово со измерени -21 степен е најстудентиот град утрово во Македонија. Потоа следуваат Лазарополе и Маврово со -17, Крива Паланка -14, Крушево и Тетово -13, Прилеп и Скопје -12, Битола и Штип -11, Струмица, Куманово, Виница, Демир Капија -10, Кавадарци и Охрид -9, Дојран -6, Гевгелија -4.

Метеоролозите и за наредните два дена најавуваат студено време со ниски утрински температури.

Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник се најавуваат врнежи од снег со слаб интензитет, а од вторник ќе има постепен пораст и на утринските и на дневните температури.