Утврдувањето на уставноста на СЈО не е на дневен ред на седницата на Уставниот суд

0
474

Уставниот суд не го зеде предвид барањето на опозицискиот СДСМ до 18 јуни да се произнесе околу уставноста на Специјалното јавно обвинителство. Оваа точка ја нема во вчера предложениот дневен ред за седницата на Уставниот суд што треба да се одржи идната среда на 15 јуни.

На споменатата седница ќе се разгледуваат неколку различни иницијативи, меѓу кои за оспорен член (22) од Законот за спречување корупција, за член 5 од измените на Законот за спорт, за медицински помагала, како и за неколку одредби од Законот за државни службеници во делот за Државната комисија за одлучување на управна постапка и постапки од работен однос во втор степен.