Ужас на летот Лисабон-Даблин: човек умрел откако избезумено трчал и гризнал патник

0
1865

Ужасен инцидент се случил на лет кон Даблин кога 24-годишен маж починал откако „избезумено трчал“ и гризнал друг патник. Екипажот го опишал момчето како „екстремно насилно“.

Авионот во кој се случил инцидентот, од компанијата Ер Лингус, полетал од Лисабон, Португалија, и бил на пат кон Даблин, Ирска.

Човекот одеднаш почнал избезумено да трча низ авионската кабина, гризнал друг патник, па екипажот морал да го совлада и да го врзе. Тој повредил „еден или двајца патници“.

Откако бил совладан, човекот паднал во несвест. Тој наскоро го загубил пулсот и бил прогласен за мртов. Во авионот имало и лекар, но тој не можел да помогне.

Членовите на екипажот морале три пати да емитуваат итна порака за помош и ги известиле контролорите на воздушниот сообраќај за инцидентот, па предвреме слетале на аеродромот во Корк.

Телото на 24-годишникот е пренесено во Универзитетската болница во Корк за обдукција, објави ирски Мирор.

40-годишна жена што била на истиот лет е уапсена под сомневање за наркотици. Сè уште не е јасно дали двата случаи се поврзани.

Патникот патувал сам и веројатно студирал во Ирска, вели Гардијан.

www.mkd.mk