В четврток истекува рокот за пријавување на кандидатите до ДИК

0
710

До Државната изборна комисја засега нема пристигнато кандидатски листи за градоначалници и советници. Во четврток на полноќ истекува перидот во кој партиите или независните кандидати можат да ги поднесат своите кандидатури за учество на претстојните локални избори. Од ДИК велат дека засега ниту една општинска комисија во внатрешноста на државата, не информирала за поднесени кандидатури на советнички листи или кандидати за градоначалници.

Вечерва на полноќ пак истекува рокот за увид во избирачкиот список.

Без коментари