В петок Битолски весник ќе ги прогласи најуспешните за 2015

0
1458

По 17-ти пат в петок Битолски весник ќе ја одржи манифестацијата Избрираме најуспешни битолчани за 2015 година. Ќе бидат поделени награди и признанија во повеќе области, како и наградата Ајри Демировски и наградата за животно дело. Најмалиот од наградените има 11 години, а највозрасниот над 80 години. Како што вели организаторот на манифестацијата Менде Младеновски подготовките се при крај, а на свеченоста во Вавилон ќе присуствувата околу 900 гости.