В понеделник во Битола хуманитарен настан за помош на младиот Стефан

0
4774

На битолски Широк сокак , в понеделник на 29 мај од 20 часот ќе се одржи хуманитрарен настан за помош на 13 годишниот Стефан Иванов кој боледува од церебрална парализа. Тој е од Неготино. Секој нов ден е нова борба за подобро утре за 22 годишната Драгица и нејзиниот 9 години помлад брат Стефан. И двајцата се со церебрална парализа.

Семејството Иванови живее со платата на нивниот татко и средствата што ги добиваат како посебен додаток. Неговата мајка вели дека сега состојбата кај Стефан е далеку полоша, проблемите со дишењето му ја отежнуваат исхраната поради што е на посебен режим, а тој има и изместување на колковите. Роберт Тодороски од Прилеп ќе го организира овој хуманитарен настан во Битола.