В сабота започнува 25 Интерфест на класична музика

0
637

В сабота во Битола во Народниот театар започнува 25 издание на Интерфест на класична музика.  На свеченото отворање Ајман Мусакаџајева народен уметник на Република Казакстан, спаѓа во рангот на најголемите интернационални звезди на виолинската уметност.  Широката уметничка мисла, потполната асорпција на музиката, тежнението кон совршеност, беспрекорната техника и овозможија да ги освои наградите на престижните конкурси: 1976 Белград Интернационален конкурс, 1976 Паганини Интернационален конкурс (Џенова), 1983 Токио Интернационален конкурс, 1985 Сибелиус Интернационален конкурс (Хелсинки) 1986 Чајковски интернационален конкурс  (Москва).                                                                                                                   

Своите виолински студии ги започнува во класта на Н. Патрушева во Републичката Баисетова музичка школа. Во 1983 година брилијантно дипломира на Конзерваториумот П. И. Чајковски во Москва, во класата на В. Климов. Истата година станува солист на Јанбул Казак Филхармонија. Во 1992 таа го формира Државниот камерен оркестар „Аcademy of Solists” со кој настапува во Русија, САД, Јапонија, Германија, Италија, Австрија. Во 1998 го реализира својот сон, во новата Казакстанска метропола Астана, ја отвора Музичката Академија чиј е ректор, која во 2009 прераснува во, единствена институција во светски рамки, „Казакстански Универзитет на Уметностите”. Таа има многу значајни титули:  „Член на Асоцијацијата Чајковски конкурс во Москва”.  „Народен уметник”, „Почесен уметник на Узбекистан”, „Академик” на Интернационалната Академија на Уметностите” и големото признание, UNESCO “Aritste of peace” (1998). Во 2015 е пропгласена за „Почесен Доктор на Науки” на Универзитетот на Сверна Кореја. За исклучителната општествена дејност е прогласена за „Херој на Работата на Казакстан”.  Ајман Мусакоџајева е единствен  уметник од Казакстан кој снима за престижната дискографска куќа „Deutsche Grammophon”.
https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=9UUEO0tfofA#t=60