Вајгел, Кукан и Флекештајн во Македонија

0
259

Членството во ЕУ, реформите, но и дијалогот меѓу партиите главни теми на средбите на европратениците Кукан Вајгл и Фленкештајн со нивните колеги од македонското собрание, собранискиот спикер, но и лидерите на партиите.
По завршувањето на средбите во дописот до јавноста наведуваат:

„Разговаравме како да го унапредиме политичкиот дијалог во Собранието и го поддржиме градењето капацитети за вработените и членовите на Парламентот, вклучително преку техничка експертиза поддржана од Европската комисија“, се вели во заедничката изјава на тројцата европратеници.

По средбата со европратениците со изјава излегоа и пратеникот Томислав Тунтев но и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Велат евроинтегративните процеси , и идните чекори на новата влада вклучително и реформите биле главните теми на кои се дискутирало со европарламентарната тројка.

„Засилување на реформскиот процес посебно во владеењето на правото  како итна потреба како и материјална поддршка и човечка поддршка за да имаме што поголем успех и забрзување на реформскиот процес“, вели Али Ахмети.

„Темите беа генерални, господата од Евро – парламентот се интересираа за нашата работа, нашето гледиште вооднос на работата на овој парламент од формирањето на новата Влада. Се интересираа за соработката со опозицијата, покажаа интерес за нашата подготвеност да покажеме војла за инклузивност  во процесите што следат“, Томислав Тунтев

Европските пратеници исто така остварија средба и со премиерот Зоран  Заев на која им бил презентиран планот 369 а се сретнаа и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и претставници на партијата  На средбата најголемата опозициска партија изразила загриженост од како што велат случаите на самоволие и отворено прекршување на законите од актуелната влада во поглед на именувањата, и работењето на конкретни институции на владата.

Без коментари