Вајгл денеска ќе се сретне со партиските лидери

0
563

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл пристигна во Скопје и денес ќе се сретне со партиските лидери. Очекувањата се дека тој ќе ја повтори пораката за продолжување на примената на договорот од Пржино со цел да се надмине политичката криза во земјата, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека за неговата партија овој договор е невалиден.

Инаку, посетата на Вајгл беше претходно најавена, но, настаните поврзани со спроведувањето на Договорот од Пржино направија неговото доаѓање во Скопје да се случи во клучен момент.