Вајгл, Ховит и Кукан во спасувачка мисија на пржинскиот договор

0
393

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан вчеравечер пристигнаа во Скопје во еднодневна спасувачка мисија на пржинскиот договор, којашто воедно ќе биде и последен обид да се спаси истиот и да се одреди датум за избори прифатлив за сите страни.

Нивното доаѓање прв го најави шефот на Делегацијаа на ЕУ во Македонија Аиво Орав, кој истакна дека по неуспешните разговори на амбасадорите на САД и ЕУ со партиите, ова е последна шанса за договор.

Вчера и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги истакнаа уште еднаш своите ставови за одењето на избори на 24 април. За ВМРО-ДПМНЕ друг датум не неприфатлив, а за СДСМ 24 го има истиот третман поради, како што велат, неподготовеноста на ДИК да го заврши прочистувањето на изборниот список навреме и неизнаоѓањето на решение за медиумите.