Вака полицијата го контролира сообраќајот

0
1979

На ден 9 и 10 мај 2016 година во СВР Битола беше спроведена дводневна “Обука за контрола на возилата во сообраќајот“ Обуката е дел од проектот “Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полиција со заедницата и борбата со организираниот криминал“, финансиран и стратешки поддржан од ЕУ. Обуката беше спроведена од страна на тим на обучувачи на СВР Битола во содејство со странски експерт. Теми кои ги опфати обуката беа избор на безбедни места за контрола на возила, контрола на брзината на движење на возилата со користење на специјални необележани, цивилни возила на МВР, така наречени “возила-пресретнувачи“ и принудно запирање на возила со користење на технички средства за принудно запирање, така наречени “ежеви“ (уред кој овозможува истовремено пробивање на пневматиците на возилата и негово онеспособување за понатамошно користење).

Во текот на вежбата изведена е практично показна вежба за користење на средствата за принудно запирање т.н “ежеви“, информираа од СВР Битола.