Валентин Соклевски со награда

0
782

Со одлука на стручното жири за најуспешен автор што подготвил сценска адаптација прогласен е Валентин Соклевски од Битола за сценската адаптација „Охридски староградски игри“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола.

Оваа адапатција беше изведена од страна на ветераните на КУД „Илинден“-Битола, на третата фестивалска вечер во срцето на Старата битолска чаршија.

Истата прикажува дел од обичаите кои се случувале во првата половина од 20 ти век, посветени на празникот Богојавление.

Тајфите кои учествуваат во фаќањето на крстот, а потоа заедно со лицето што ќе го фати крстот придружувани од музичари, чалгии, одат од куќа во куќа, собираат пари а вечерта прославуваат.

Обработени се ора и песни од Охрид и охридско, како Велгошко, Калајџиско сирто, Чамче и други.

Наградата на Соклевски му беше доделена на затворањето на фестивалот.

Оваа адаптација за прв пат беше изведена на концертот на КУД. Илинден минатата година, кога овој фолклорен македонски амбасадор одбележа 60 години постоење.

Овој фолклорен мозаик кој прикажува дел од обичајната и песнопојна традиција на Охрид, ја прикажува и старата охридска куќа и нејзиниот ентериер.

Инаку Соклевски е автор на уште неколку сценски адаптации меѓу кои-градски селски Велигден, кој се одбележува во Битола, лазарски обичај од Гермијан, Лазара од Бојмија , сценска адаптација на традиционални песни и игри од леринско, адаптација на русалиски игри и други, преку кои денес се промовира традиционалната и автентична игра и песна од македонското минато.