Ван Гал ќе троши 200 млн фунти на засилувања

0
219

Луј Ван Гал ова лето планира да потроши 200 милиони фунти на засилувања, пишуваат британските медиуми. Првото засилување веќе пристигна на „Олд Трафорд“, се работи за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај чиј трансфер изнесува 25 милиони фунти.

Според медиумите на врвот на листата на желби на Ван Гал се наоѓаат напаѓачите Единсон Кавани и Герет Бејл. Исто така менаџерот на Јунајтед инсистирал на трансферите на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Илкај Гундоган и Матс Хумелс, а во блиску до Манчестер Јунајтед бил и десниот бек на Саутемптон Натениел Клајн.

Парите за реализација на трансферите нема да му преставуваат проблем на Ван Гал бидејќи Јунајтед според новиот спонзорски договор од Адидас добива 75 милиони фунти годишни, пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Премиер лигата носи 80 милиони фунти, а од влезот во Лигата на шампионите дополнителни 40 милиони фунти.