Ван Хауте се приклучи на средбата во Пржино

0
456

Веќе неколку часа трае средбата во резиденцијата на ЕУ во Пржино на лидерската четворка со еврокомесарот Јоханес Хан.

Како што јави Телма,  таму пристигна и олеснувачот во преговорите на работните групи на партиите, белгискиот експерт Ван Хауте.

Потписници на договорот од јуни/јули 2015 треба да ги финализираат разговорите во врска со парламентарните избори, кои е предвидено да се одржат на 24 април.

На заедничката средба со партиските лидери присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли.

Претходно, во текот на денот Хан имаше одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Партиските лидери попладнево дојдоа со проширени делегации.

Лидерот на СДСМ, Заев пристигна заедно со Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски, Цветанка Иванова, Петре Шилегов и Рената Дескоска Треневска.

Во делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ се Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Никола Попоски, Илија Димовски и Мартин Протоѓер.

Пред средбите Хан рече дека очекува денеска да има добар ден.