Ван Хелфтерен: „Ако Македонија ни даде 85-90 поени, сигурно ќе не победи„

0
704

Откако ја совладаа Грузија, холанѓаните имаа повеќе време од нас да се подготват за денешниот втор меч во групата и да се обидат уште денес со победа да обезбедат осминафинале. Но нашите сметки се спротивни. Селекторот на симпатичната репрезентација на Холандија. Ван Хелфтерен уште од прес-конференцијата најави што очекува од своите кошаркари на мечот со Македонија. „Ние треба да ја одиграме нашата вообичаена игра во одбраната и на мечот да нема многу поени. Ако ни дадат 85 или 90 поени, лесно ќе загубиме, но ако не дозволиме многу поени, тогаш имаме шанса. Ние имаме мал избор на квалитетни играчи кои можат да шутираат од секоја позиција. Малку сум загрижен заради тоа, но што можам да сторам„ се запраша холандскиот селектор, Ван Хелфтерен. Двете репрезентации утрово го одработија последниот тренинг, кој беше повеќе освежување на мускулите пред дуелот кој почнува во „Арена„ во Загреб во 15:00 часот. На трибините битката сигурно ја добива „Фалангата„. А на теренот?