Ванчо Узунов се повлекува од СДСМ?

0
208

Еден од сегашните потпретседатели на СДСМ, Ванчо Узунов поднел оставка од функцијата. Партиски извори за 24 Вести потврдуваат дека универзитетскиот професор оставката ја дал во писмена форма но велат дека следуваат можни разговори со него.

Во образложението тој посочил дека се повлекува од лични причини. Професорот Узунов беше недостапен за коментар.

Неодамена во една своја колумна тој изрази разочарување од последната анкета на ИРИ во однос на довербата на граѓаните кон партиите и го најави своето можно повлекување од политиката.