Ванхауте најави состанок на работната група

0
1995

Посредникот во преговорите меѓу политичките партии за спроведување на договорот од Пржино Питер Ванхауте за денеска најави состанок на работната група. „Каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор“, изјавил тој за телевизијата Алсат М. На вчерашните билатерални средби, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања, но се уште нема финален договор. Главна пречка била Законот за забрана на идно објавување на прислушувани материјали.

Без коментари

LEAVE A REPLY