Ванхауте: Постигнат договор за Изборниот законик

0
767

Белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој се јавува како олеснувач во преговорите за спроведување на договореното во Пржино изјави во средата дека партиите постигнале договор за изборниот законик, за што изрази задоволство.
Сепак, рече дека една партија, без да прецизира која, ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител.

Нешто порано денеска, Советот на јавни обвинители го преполови предложениот тим кој го побара специјалната јавна обвинителка Катица јанева, па место 14 го намали на седум обвинители./крај/мф.бб