Ванхауте се враќа, Тачи се повлекува?

0
314

Белгискиот посредник Питер Ванхауте денеска се враќа во земјава и се очекува да продолжат преговорите околу методологијата за прочистување на Избирачкиот список и реформи во медиумите, како превземање мерки за одвојување на партијата од државата.

Засега, за денеска не е закажана средба на работната група, но како и да е, се очекува преговорите да продолжат со поинтензивно темпо, бидејќи се приближуваат датумите за избори.

Медијаторот неколку дена беше во Брисел од каде се очекува да донесе насоки за понатамошниот тек на преговорите.

СДСМ предложи да ги повлече амандманите за прочистувањето на Избирачкиот список, а ВМРО-ДПМНЕ да го прифати предлогот за реформи во медиумите што го понуди Ванхауте.

На ова, владејачката партија одговори дека може да попушти за медиумите, ако СДСМ се откаже од теренската проверка на Избирачкиот список и прифати тој да се прочисти само со вкрстување на податоците од 10 државни институции.

Лидерот на ДУИ Мендух Тачи е гневен поради текот на преговорите на четирите партии и вели дека е можно повлекување на неговата партија, ДПА, од нив.