Вардар елиминиран, иако не загуби во ниту еден од двата меча со АПОЕЛ

0
337

Фудбалерите на Вардар го завршија својот настап во европските купови за оваа сезона. Иако не загубија во двомечот со АПОЕЛ , Кипраните ја минаа втората фаза благодарение на постигнатиот гол на гостински терен. Вардар, во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, одигра нерешено со АПОЕЛ во Скопје 1:1 (0:0). Единствениот гол за гостите на натпреварот го постигна Де Винсенти на почетокот на 60 минута од натпреварот. Стрелец за Верадар беше Љамчевски во 94.минута.

Вардар:
Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров, Намбарџумјан, Глигоров, Дашијан (од 79 минута Ивановски), Гроздановски од 70 минута Љамчевски), Велоковски (од 64 минута Стојков), Фелипе, Блажевски.

АПОЕЛ:
Ватерман, Антониадес, Астиз, Винциус, Марио Сержо, Нуно Мигел, Макридис, Виериа Вандер (од 73 минута Нектариос), Сотириу (од 55 минута Штилиќ) , Де Винсенти (од 85 минута Јоану), Леал Луис.