Вардар го дочекува шведскиот првак во Скопје

0
460

Ракометарите на Вардар попладнево во „Јане Сандански“ (17.30 ч.) против Кристијанштад ќе го одиграат новиот меч од 12. коло во Лигата на шампионите. И покрај највите дека може да го пропушти денешниот дуел, првиот голман Штербик сепак ќе биде во ростерот за денешниот ме.

Во таборот на „црвено-црните“ ќе го нема повредениот Игор Карачиќ, а по двонеделната суспензија на теренот се враќаат македонските репрезентативци Стојанче Стоилов и Дејан Манасков. По минималниот пораз од Рајн Некар Левен во претходното коло, победата за Вардар е единствен императив во денешната пресметка со претпоследниот Кристијанштад.

Во последните три натпревари од главната фаза во ЛШ, „вардарци“ ќе се борат за повисок пласман и евентуално, полесен противник во следната осминафинална фаза во ЛШ. Денеска во групата на Вардар ќе играат и Киелце – Рајн Некар Левен, а утре Колдинг – Монтпелје и Барселона – ПИК Сегед.

Без коментари

LEAVE A REPLY