Вардар го совлада Кристијанштад со многу мака

0
585

Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата славеа против Кристијанштад 38:36 (21:19), во 12.коло во Групата 2, во Лигата на шампионите. ‘Црвено-црните’, во раната фаза на натпреварот, стекнаа предност од седум голови, но потоа со му дозовлија на противникот да се врати во мечот и до последниот напад да стрепат за победата.

Циндриќ со осум и горбок со седум голови беа најефикасните играчи на овој натпревар.

Вардар во наредното коло на 28 февруари (претпоследно во групата) ќе му гостива на ПИК Сегед, а потоа во последното коло на 5 март ќе го пречека Монпелје