Вардар и Кристанштад во финалето на скопскиот турнир

0
252

Вардар и Кристијанштад ќе се борат за првото место на меѓународниот турнир во Скиооје. За третото место ќе играат Чеховски медведи и Краснодар, а за петтото Металург и Нексе. Двата дуела во А и Б групата од последното коло ги одредија позициите за тимовите во борбата за пласман. Во Б групата Кристијанштад славеше над Краснодар со 32:30 иако по 40 минути игра швадскиот шампион имаше предност од 24:15. Кристијанштад ја потврди првата позиција во групата, второто место го освои Краснодар пред Металург поради подобрата гол разлика. Во последниот меч од А групата Чеховски медведи и Нексе екипи кои претходно загубија од Вардар, одиграа без победник 24:24, но рускиот тим ќе се бори за третото место на турнирот поради подобрата гол разлика.