Вардар и Шкендија како од шега, подвиг на Шкупи во Штип

0
230

Вардар ја забележа втората последователна победа, откако на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје славеше со убедливи 6:0 против Младост Царев двор, со по три гола во секое полувреме. Блажевски и Дашјан беа стрелци на по два гола, а по еднаш реализираа Хамбарџумјан и Љамчевски. Лесни три бода освои и екипата на Шкендија ткако со 3:0 победи на гостувањето кај Металург на терените на ФФМ во Лисиче (Скопје). Со головите на Бесарт Ибраими и Демири во првото и Жуниор од пенал во 80 минута, црвено-црните од Тетово по втор пат слават на гостување оваа есен. Шкупи со 2:1 ја победи Брегалница во Штип, а немаше погодоци на натпреварот помеѓу Турново и Силекс. Дуелот меѓу Ренова и Работнички е одложен.