Вардар на пауза оди со +4, Пелистер поразен во Тетово

0
595

Фудбалерите на Вардар со четири бода предност ќе заминат на зимската пауза, откако во последниото 18-то коло од есенскиот дел од шампионатот одиграа 1-1 со Силекс. Најблиску до Вардар е Шкендија, која во дербито минимално го совлада Пелистер.

Вардар не успеа да слави против Силекс и да ја задржи предноста од седум бода во однос на Шкендија. Тимот од Кратово постигна гол по само две минути игра преку Филиповски, а резултатот го израмни Фелипе по половина час игра.

Алими стрелаше прецизно во 49.минута и со тој гол Шкендија го победи Пелистер во Тетово.