Вардар од пенал, Шкендија како „парна машина„ во мак-фудбалот

0
1076

Екипите на Шкендија, Вардар и Силекс забележаа победи во рамките на четвртото коло, во Првата македонска фудбалска лига. Без победник заврши натпреварот помеѓу Шкупи и Хоризонт Турново, а мечот Младост – Работнички е одложен поради обврските на скопскиот тим во Лига Европа. Шкендија ја забележа најубедливата победа во ова коло, откако со 5:1 славеше над Бргалница. Блажевски го постигна голот за Вардар против Металург, а Недељковиќ го реализираше пеналот за Силекс против Ренова кој по 4 одиграни натпревар нема освоено ниту еден бод. Шкупи го делеше една минута од победа над Хоризонт Турново, но Сашко Пандев го реализираше пеналот за гостите во 92 минута. Претходно Шкупи поведе со голот на Ариф.