Вардар пак елиминиран уште во второто коло од ЛШ

0
710

Фудбалерите на Вардар завршија со настапите во Лигата на шампионите, откако двомечот со Динамо Загреб, во второто квалификациско коло, го загубија со 5-3. По поразот на домашен терен 1-2, Вардар, во средата, загуби со 3-2.

Вардар во двомечот со Динамо беше рамноправен противник, но неискуството и недостигот на среќа гочинеше елиминација.

Македонскиот шампион го имаше мечот во Загреб во свои раце, но особено во првото полувреме не успеа да ја казни катастрофалната игра на последната дефанина линија на Динамо.

Вардар се закани уште во деветта минута, Асани влета ад одбраната на Динамо, доби топка, а кога излезе сам пред Јежина се обиде да го дрибла голманот на противникот и шансата пропадна.

„Црвено-црните“ ја контролираа играта, а Динамо до финишот на полувремето не успеа да направи конкретна акција. Единствено Пјаца беше на ниво, но неговите индивидуални акции беа неуспешни.

Во 37-та минута по слободниот удар на Фелипе, Хамбарџумијан биеше со глава, но какои во Скопје, дирекот го спаси Јежина.

Минута подоцна, Велкоски од 25 метри испрати вистински проектил, ја погоди „малата мрежа“ и го отвори резултатот.

Четири минути подоцна Судани од 18 метри ја затресе гредата на вардаровиот гол.

Динамо израмни од пенал во 55-та минута. Недоразбирањето во одбраната на Вардар го искористи Пјаца, влезе во шеснаесетникот на него налета Хамбарџумијан, а судијата Иванов покажа на пеналтикот. Пјаца израмни на 1-1.

Вардар предноста ја врати во 62-та минута, Рог загуби топка од Спироски, Балотели полече полуконтра, го исфрли Којашевиќ по левата страна кој одигра повратна до ногата на Шинделфелд кој постигна автогол.

Динамо успеа повотрно да израмни од пенал, повторнострелец беше Пјаца. На пеналот му претходеше невнимателно играње со рака на Спироски.

Конечните 3-2 ги постави Мачадо во 79-та минута. Мачадо шутираше од 18 метри топката го закачи Новак и отседна во голот.