Вардар поразен во Полска од Киелце во ЛШ

0
376

Вардар загуби кај европскиот првак Киелце 27:24 (15:12), во деветото коло, во Лигата на шампионите. По третиот пораз екипата на Вардар на зимската пауза ќе замине како третопласирана екипа во Б групата, зад ПИК Сегед и лидерот Киелце.

Вардар се мачеше во Кјелце, никако не можеше да влезе во посакуваниот ритам, а големиот број на техничките грешки, вкпно 15 од кои 10 во првото полувреме, го предизвикаа поразот во Полска.

Македонскиот првак ниту еднаш не водеше кај европскиот првак, а шансите кои противникот му ги понуди не знаеше да ги искористи. „Црвено-црните“ на стартот успеаја да ја анулираат предноста од три гола на Киелце, играа рамноправно до последната третина од полувремето, кога со серија грешки му овозможија на домаќинот да ја врати позитива од три гола.

Киелце добриот финиш од првиот дел го префрли и во второто полувреме кога прв пат создаде предност од четири гола (22:18). Серијата на домаќинот ја запре Страхиња Милиќ, кој го раздвижи својот тим, Вардар успеа да израмни (22:22), но не и да направи целосен пресврт, туку повторно со неколку грешки му овозможи на Кјелце да се одвои на три гола.

На крајот Милиќ не беше доволен Вардар да го избегне вториот пораз во низа, вкупно трет сезонава во Лигата на шампионите.

Српскиот репрезентативец блескаше на голот со 13 одбрани, од кои 12 во второто полувреме, кога одбрани три седмерци. Душебаев и Карачиќ ги предводеа стрелците на Вардар со по пет гола.

Наредниот меч Вардар ќе го одигра на 11.февруари наредната година кога ќе го пречека тимот на ППД Загреб.

Без коментари

LEAVE A REPLY