Вардарки се прошетаа низ Букурешт

0
405

ЖРК Вардар забележа убедлива победа во Букурешт над истоимената екипа 30:25 (17:11), во рамките на осмото коло во Групата 2, во Лигата на шампионките. Со оваа победа ЖРК Вардар речиси ја обезбеди третата позиција на табелата, а во последните две кола ќе се обиде да ја нападне позицијата број 2 на која во моментов се наоѓа Ѓер.

 

ЖРК Вардар до победата го предводеа двете Андреи, Лекиќ која постигна девет и Пенезиќ која постигна седум голови. Вардарки, во наредното коло на 21 февруари (17:30 часот), ќе го пречекаат европскиот првак Будуќност.