Варшава под силно обезбедување пред самитот на НАТО

0
249
Центарот на полската престолнина Варшава е претворен во строго чувана тврдина заради самитот на НАТО, што ќе се одржи утре и задутре.
Двометарски железен ѕид веќе го опколи Националниот стадион, што ќе биде клучното место за средбите на свестките лидери.
Полицајци се разместени на секои 10 метри кај стадионот од страна на реката Висла. Од денеска мостовите околу стадионот и улиците во градскиот центар ќе бидат затворени за движење.