Варуфакис си даде оставка

0
139

По резултатите од вчерашниот референдум во кој речиси 60% од грчките граѓани се изјаснија против мерките за штедење, министерот за финансии Јанис Варуфакис неочекувано соопшти дека се повлекува од функцијата

Како што тој објави на својот блог, некои од членовите на еврогрупата му ставиле до знење дека би претпочитале тој повеќе да не учествува на нивните средби. Тој оценил дека неговото отсуство може да му помогне на премиерот Ципрас да постигне договор со доверителите.
„Како и сите борби за демократски права, така доаѓа и ова историско отфрлање на утиматумот од 25-ти јуни наметнат од еврогрупата”, пишува Варуфакис на својот блог.
Во текот на изминатите неколку месеци, Варуфакис на неколку наврати се судри со меѓународните доверители околу спроведувањето на мерките за надминување на должничката криза.
Инаку, конечниот резултат на референдумот во неделата беше 61,3% “Не”, наспроти 38,7% кои гласаа “Да”. Одѕивот на гласачите беше 62,5%