Василевски и Зиков ќе го водат МЕПСО

0
6091

Сашо Василесвки е назначен за директор на МЕПСО, а Љупчо Зиков за директор на финансии и комерци на таа комопанија, реши вчера Владата на Република Македонија.

Сашо Василевски дипломирал на Правниот Факултет во Скопје во 1992 година, а правосуден испит положил во 1996 година. Во 2000-та година го положил и нотарскиот испит, а од 1997 до 2006 година работел како адвокат со своја адвокатска канцеларија со седиште Ресен.

Од 2006 до 2008 бил заменик на министерот во Министерството  за правда на Република Македонија. Од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање на правосуден испит. Од 2010 до 2011  повторно работел како адвокат во Ресен. Од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители, за кое место повторно е предложен од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот Капитал. Порано работеше во „Дневник“, МТВ и ТВ Алфа.Зиков беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски.

www.mkd.mk

Без коментари