Василичарски огнови низ Новаци

0
472

Со големи василичарски огнови, богата трпеза, мазник со паричка и колбаси се прослави Василица или Православна Нова Година во општина Новаци.Ова е една традиција која масовно ја применува скоро секое маало во оваа општина.

Градоначалникот на општина Новаци  Православна Нова 2016 година ја дочека со жителите.Ги посети сите коледарски огнови и се дружеше со неговите сожители. Коледарски огнови, богата трпеза и мазник со паричка имаше на сите василичарски огнови.

„ Овој период е еден од најубавите во годината затоа што изобилува со празници, со можност за прослава и дружење, но и за зачувување и продолжување на богатите народни обичаи.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

 

10313473_1210930662268049_6992765387595183868_n

12472390_1210922912268824_3560798479985360490_n