Василица на плоштадот во Ресен

0
380

Во Ресен и Преспа согласно вековната традиција се одбележа Стара Нова Година покрај василичарските огнови со греана ракија и домашни колбаси. На повеќе места низ градот и во сите селски населби Стара Нова Година беше дочекана на отворено покрај малските огнови со меѓусебни честитки за здравје и бериќет.

На градскиот плоштад во Ресен  исто така имаше чествување по повод Стара Нова Година.  На хепенингот се служеа пијалоци и греана ракија а меѓудругото се делеа и банички во кои имаше паричка. Најсреќен на оваа Стара Нова Гопдина беше Достанов Седат на кој му се  падна паричката при што  на поклон од Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски доби  HD LED Телевизор.

Без коментари

LEAVE A REPLY