Важно е Македонија да спроведе демократски избори

0
284
Европскиот парламент денеска напладне треба да гласа за резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл, како и за предложените 17 компромисни амандмани на документот.
На синоќешната дебата во Европскиот парламент во Стразбур, најголемиот број од европратениците се заложија за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, условени со одржување на фер и демократски избори.
Во најголемиот број од говорите по резолуцијата на Иво Вајгл, изработена според извештајот на Европската комисија за Македонија во 2015 година, се дојде до истата констатација – Македонија мора да излезе од политичката криза, со почитување на договореното од страна на политичките партии со помош на европските посредници.