Вчера гореше кај Житоше, крушевско

0
803

На 15.07.2017 година околу 14:30 часот во ПС-Крушево било пријавено дека помеѓу с.Локвени и с.Житоше -Крушево, од засега непознати причини  настанал пожар, при што била опожарено нискостеблеста дабова шума и  стрништа, во површина од околу четири до пет хектари.Во 18: 20 часот пожарот е изгаснат од страна на екипи од Против пожарната единица од  Крушево и од Јавното претпријатие  Липа-Крушево.