Вчера истече рокот за пријавување на потрошеното за првите 10 дена од кампањата

0
228

Вчера до полноќ политичките партии требаше да ги достават првите финансиски извештаи за трошењето на парите во првите 10 дена од изборната кампања.

Според Изборниот законик секој организатор на изборна кампања е должен 11-от ден од денот на почетокот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од кампањата.

Овој извештај треба да се достави до Државната изборна комисија, до Државниот завод за ревизија и до Антикорупциската комисија. По завршувањето и на вториот дел од кампањата се поднесува уште еден извештај, а финалните финансиски извештаи партиите треба да ги достават во рок до три месеци по завршувањето на изборите.