Вчерашната криза со бегалците се смирува

0
298

Двеста до трист бегалци утринава биле пуштени да се качат на воз кој од Гевгелија го пренел до Табановце, велат од Железничката станица во Гевгелија, јавува НОВА ТВ.

Ситуацијата на границата очигледно се смирува и се најавуваат, за денес, повеќе возови кои треба да ги пренесат бегалците кон границата кон Србија.

Во текот на вчерашниот ден пет возови со бегалциод Гевгелија се упатија кон Табановце.

По разговорот помеѓу македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации Антонио Гутиерес, полицијата од вчера почна да пушта 200 до 300 бегалци до железничката станица во Гевгелија од каде што можеле да се качат на воз и да тргнат кон Табановце.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН вели дека го разбира притисокот со кој е соочена Македонија но за решавање на проблемот треба да воспостави механизми со цел да се воведе организирано управување со границите кое ќе ја земе предвид заштитата на бегалците.

Според радиото Слободна Европа, војската синоќа поставувала и дополнителна заштитна ограда. Но, на бегалците им било ветено дека денес ќе бидат пропуштени за да заминат кон српската граница.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY