Вечер посветена на Владимир Костов и концерт на гитара на Интерфест

0
884

Во рамките на 24 тото издание на фестивалот на класична музика Интерфест Битола, концерт одржа гитаристот од Босна и Херцеговина, Дејан Ивановиќ.
Тој изведе дела од Бах, Бритн, Пикул, Рајли, Родриго а за учеството на овој реномиран фестивал истакна дека традицијата на одржување на истиот треба да продолжи бидејќи секој концерт на класична музика е посебен настан.
Пред неговиот концерт беше одржана литературната вечер посветена на писателот Владимир Костов, на која беше изведена драматизација на Љубов во кабина на кран или Оф аман, аман во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски а во изведба на актерите од битолскиот театар Александар Стефановски и Марија Ѓаковска.teatar11
Костов е еден од најреномираните македонски писатели, кој оваа година е избран за почесен член на македонската академија на науките и уметностите.
Има објавено 18 романи, 10 збирки новели и раскази, 8 книги за деца и млади.
Неговите романи се презентирани во 4 и во 7 тома, а покрај белетристиката, Костов се има појавено и со повеќе стручни и научни трудови од областа на македонистиката.
Добитник е на повеќе награди и признанија- орден за заслуги за народ со златен венец, највисокото признание на Битола-4 ти ноември, за животно дело, 11 -ти октомври за Црквичето 40 маченици во Битола, Први мај за романот Свадбата на Мара, Рациново признание, Гоцева повелба, наградата Феникс и многу други.
Неговите романи Грешниот Захарија, Црквичето 40 маченици, Свадбата на Мара и други, се драматизирани во битолскиот и на сцените на другите македонски театри.

Без коментари

LEAVE A REPLY