Вечерва хрватска музика во Битола

0
367

Во организација на хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ од Битола, во нашиот град во малата сала на битолскиот Завод и музеј ,концерт ќе одржи Ансамблот „Златне године“ од Велика Горица од Хрватска.
Ансамблот го води композиторот Синиша Белошевиќ кој често на настапите изведува песни на гитара што дополнително ја збогатува атмосферата.
Музиката која ансамблот ја изведува е разновидна -од класични до традиционални хрватски композиции, народни песни како и обработки на познати хрватски напеви но и на другите народи и современи музички композиции.

Ансамблот „Златне године“, настапува на сите значајни манифестации, фестивали, во и надвор од Хрватска. Насекаде ја пренесуваат љубовта кон музиката, радоста во пренесувањето на сите пораки кои музиката ги носи во себе, вклучувајки ја љубовта кон родниот крај и татковината но и кон сите луѓе, нивната традиција.
Во Македонија имаат гостувано повеќе пати, на Охрид фест во 2009 и 2010 година а потоа во Скопје и Битола во 2012 година заедно со машкиот хор од Петриње, како и во 2014 тата година кога во Битола го изведоа божикниот концерт.