Вечерва нов земјотрес во Скопје

0
759

Во 19,53 минути во скопскиот регион беше почувствуван нов земјотрес со интензитет од 4,8 степени со епицентар на 4 километри од Радишани и на  длабочина од 5 километри. Овој земјотрес е најсилен по вчерашниот во 15,10 часот од 5,4 степени. Вчера во 7 часот наутро беше регистриран земјотрес од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Вчера и денеска во скопскиот регион беа почувствувани десетина послаби и посилни земјотреси. Скопјани се повторно на улица.

Сеизмолозите велат дека сите овие потреси се нормална појава како дел од процесот на смирување на тлото.

Денеска во 14,19 минути беше регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени.

Во 18 часот денеска земјотрес е регистриран и во централна Србија, на подрачјето на Косјериќ со јачина од 2,1 степен според Рихеровата скала и на длабочина од 2 километри.

Без коментари

LEAVE A REPLY