Вечерва очекувајте дожд

0
238

Вечерва очекувајте дожд. Според најавите од УХМР во доцните попладневни и вечерни часови се очекува зголемување на облачноста особено во северните делови каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Инаку, во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 8.