Вечерва почнува 37 Манаки

0
522

Кинематографери, режисери, актери и други претставници од филмската индустрија од целиот свет вечер по 37. пат ќе бидат заедно на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Фестивалот ќе биде свечено отворен  филмот „Ослободување на Скопје“, македонско-хрватска-финска продукција, во режија на Раде Шербеџија и Данило Шербеџија.

На свеченото отворање на фестивалот, на Оскаровецот Џон Сил ќе му биде врачена златна „Камера 300“ за животно дело, а писмо од Роби Милер ќе прочита Клер Пијман, негова соработничка и авторка на документарен филм за Милер.

Фестивалската програма годинава ќе се реализира во повеќе објекти на националните културни установи во Битола како што се Музејот, Магазата и Центарот за култура во чии сали ќе бидат емитувани над 150 филмски проекции во различни категории. Филмовите во конкуренција за награди ќе ги оценува меѓународно жири предводено од Федон Папамихаил, годинешен добитник на специјална „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“, а свеченото отворање го режира битолчанецот Мартин Кочовски .

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ секоја година се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура.