Вечерва почнува Интерфест

0
3002

Македонската опера и балет  вечер во битолскиот Центар за култура со балетот „Шехерезада“ ќе го отвори 24. издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“.

Во наредните десет дена, до 12 октомври, на повеќе фестивалски сцени во Битола ќе гостуваат уметници од 11 држави кои ќе понудат концерти кои претставуваат светска реткост во многу големи музички центри, а деновиве и во Македонија, истакна Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на фестивалот.

Според програмата, на „Интерфест“ во Битола  ќе настапат уметници од Германија, Италија, Кипар, Шпанија, Романија, Молдавија, а еден дисперизиран концерт ќе се одржи во националната галерија „Даут Пашин Амам“ во Скопје.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY