Вечерва се одржува финалето на „Евросонг 2016“

0
916
Финалето на 61-то натпреварување за „Песна на Евровизија“ кое ќе се одржи вечерва,  сабота, 14 мај во „Голуб арената“ во Стокхолм.

Десетте пласираните натпреварувачи од  второто полуфинале: Србија, Летонија, Грузија, Бугарија, Украина, Полска, Израел, Литванија, Белгија и Австралија, во финалето ќе им се придружат на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта, како и директните финалисти – Германија, Шпанија, Велика Брианија, Италија и Франција и земјата домаќин Шведска.

Домаќините и водителите на програмата се минатогодинешниот победник на Евровизија, Манс Зелмерлов и комичарката Петра Меде.

Начинот на гласање од оваа година е изменет во однос на досегашниот систем. Стручното жири и гледачите од секоја земја доделуваат збир поени од 1 до 8, односно 10 и 12.

Откако гледачите гласаат по пат на своите телефони, испраќање СМС или користејќи ја официјалната апликација, презентерите од 42 земји учеснички се вклучуваат во програмата како и до сега и ги соопштуваат поените на професионалното петчлено жири.

По сооопштението на резултатите од жирито, гласовите од публиката ќе бидат искомбинирани и секоја песна ќе добие одреден број на бодови. Сите гласови и од публиката и од стручното жири ќе бидат достапни на сајтот на Evrovizion.tv.

Светската ѕвезда Џастин Тимберлејк ќе настапи исто така во сабота на Евровизија, промовирајќи ја неговата нова песна. МТВ и вечерва ќдиректно ќе го пренесува финалето на „Евросонг 2016“ на својот прв програмски сервис со почеток во 21 часот.