Вечерва започнува фестивалот „Константин и Елена“ во Могила

0
1041

-По четврти пат вечерва ќе се одржи фестивалот на дуети „Константин и Елена“ во општина Могила. На фестивалот ќе настапат 24 дуети од македонската естрада. За прв пат година фестивалот ќе се одржува на Отворената летна сцена во центарот на општината. Најавено е присуство и на голем број гости кои што живеат во дијаспората. Ги покануваме сите оние кои што сакаат да дојдат да не посетат, бидејќи ветуваме добра забава со естрадните уметници од македонската сцена. Фестивалот започнува во 21 часот, изјави Стево Пивковски градоначалник на општина Могила.