Вечерва завршува 38 Манаки

0
282

Најславниот македонски филмски режисер Милчо Манчевски, добитник на Специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 38. ИФФК „Браќа Манаки“, одржа мастеркласа пред присутните гости, студенти и публиката во Битола. Модератор на мастеркласот беше новинарката, филмски критичар и одличен познавач на неговото творештво, Марина Костова.

Тематскиот фокус на мастеркласот беше ставен на работата на Милчо Манчевски со целокупната филмска екипа, од моментот на создавање на идејата и концептот за одредено филмско остварување, преку претпродукцискиот период, дефинирањето на сценариото, изборот на филмската екипа, снимањето на филмот до постпродукцијата и прикажувањето на филмот. На мастеркласата беше прикажан и трејлерот на новиот филм на Манчевски, „Бикини мун“, чија премиера треба да се случи набрзо на еден од светските филмски фестивали.

38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера свечено ќе биде затворено вечерва со доделувањето на наградите Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, Мала Златна Камера 300 за најдобар краток филм, а на лауреатот на Специјална Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, Милчо Манчевски ќе му биде врачена наградата.

Без коментари