Вечерва „Ѕвездено небо за Тоше“ и промоција на нова песна

0
432

Фан-клубот „Тоше Проески“ и Фондацијата „Тоше Проески“ вечерва од 20 часот на плоштад „Македонија“ ќе го организираат музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”.

На настанот ќе биде промовирана нова песна од Тоше, со наслов „Light the Flame“, која ќе биде најава за нов албум снимен во Лондон.

– Нема зборови за да се опише среќата и задоволството кое го чувствуваме што ја добивме привилегијата и честа првпат ние, фановите, да промовираме нова песна од Тоше. И десет години по прераната смрт на Тоше Проески, пламенот кај неговите обожаватели не згаснува. Оваа манифестација се одржува на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел заедно да се присетиме на неговата музика и лик, но и да го создадеме легендарното „ѕвездено небо“ во негова чест, соопшти Фан-клубот „Тоше Проески“.

По 11 дена, на 16 октомври, Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка на пат кон Загреб. Загина на 26 години и во годината кога одбележуваше 10-годишен јубилеј успешна кариера.

Без коментари