Веднаш би ја укинала Шенген зоната

0
372

Екстремнодесничарската кандидатка за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека во случај на победа, веднаш ќе го укине француското членство во Шенген зоната и ќе ги депортира странците кои се на списокот за исламски екстремисти.

Ле Пен предизвика негативни реакции со забелешките за депортацијата на евреите за време на Втората светска војна во Франција.

Таа ужива поддршка од 23 до 24 отсто од гласачите, со што е на исто ниво со кандидатот на движењто „Напред“ Емануел Макрон.

– Секоја секунда од моето претседателство би била корисна за Франција и Французите, нагласи Ле Пен.

Меѓу останатото таа планира да ја намали старосната граница за пензија од 62 на 60 години, да им го одземе на лицата со двојно државјнаство, француското државјанство доколку се поврзни со џихадизмот и да ги намали данокот на приход.